Хари Мата Хари во Арена PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 Декември 2009 11:00
AddThis Social Bookmark Button

Оваа сабота 12 декември Арена ви ја носи една од најголемите групи од екс ју просторите - Хари Мата Хари, на концерт кој е дел од нивната актуелна турнеја на која го промовираат 14-тиот по ред албум насловен „Среќа“, албум кој постигнува големи успеси со хитовите на кои како авторски соработници се јавуваат Арсен Дедиќ, Фајо, Дино Мерлин итн.

Со над 1000 одржани концерти со познати светски имиња како нивни гости како на пример Ла Тоја Џексон и Сабрина и 5 милиони продадени албуми Хари Мата Хари стана една од најтиражните групи на балканските простори.

Познати се по љубовните балади кои останаа евергрин хитови запаметени од сите генерации, по бројните дуети со познати балкански изведувачи но и по многуте признанија и награди добиени изминативе 24 години.

На босанскиот национален избор за Песна на Евровизија во 2006 година Хари Мата Хари победи со „Лејла“ и истата година ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија во Атина каде го освои третото место.  Оваа, 2009-та година, дуетот со Нина БадриќНе могу ти реќи шта је туга“ им ја донесе Гран При наградата на 14-от Хрватски Радиски Фестивал.

Страх ме да те волим“,  „Одкуд ти ко судбина“,  „Прстен и златни ланац“,  „Волио би да те не волим“ се само дел од нивните незаборавни хитови кои Хари Мата Хари ќе ги изведат на концертот во АРЕНА на 12 декември кој ќе започне во 23 часот. Билетите во претпродажба можете да ги најдете по специјална цена од 300 денари од понеделник до петок во Југотон, кафе Венеција, Флуид, Ливингрум, Хепи, Автобус и во сите продажни места на Тугедер. Во сабота влезниците ќе изнесуваат 400 денари.

 

Додади коментар