- Наслов:
- Midnight in Paris & Rango
- Кога:
- 25. February
- Каде:
- Kino Ramstor - Скопје
- Категорија:
- Кино
Опис
ПОЛНОЌ ВО ПАРИЗ"
("Midnight in Paris")
Жанр: романтична комедија
Траење: 94 мин.
Главни улоги: Овен Вилсон (Owen Wilson), Рејчел МекАдамс (Rachel McAdams), Кети Бејтс (Kathy Bates), Мајкл Шин (Michael Sheen), Карла Бруни (Carla Bruni)
Сценарио и режија: Вуди Ален (Woody Allen)
Синопсис: Романтична комедија за семејство кое деловно доаѓа во Париз. Меѓу нив е и штотуку верена двојка. Престојот во градот на светлината ги тера младите да се запрашаат дали потполно новиот начин на живот од оној кој го имаат е подобар и всушност тоа што го сакаат.
За филмот: Филмот ПОЛНОЌ ВО ПАРИЗ е подарок кој Вуди Ален му го посвети на градот на светлината, кого го смета за рамноправен со Њујорк: "Секако дека сум пристрасен што се однесува до Њујорк – таму се родив и пораснав. Но, да не живеам во Њујорк, сигурно би живеел во Париз." Ова е едноставно неодоливо филмско остварување!!!
За сите романтични души, кои мечтаат за некои спокојни времиња кога човечките емоции биле најценетата храна на светот...
Можеби е грев разоткривањето на она што не чека (или спојлер – како што се вели модернистички) – но филмот во кој се дружите со Хемингвеј, Пикасо, Дали, Буњуел и останатите вонвременски легенди на човековата уметност – едноставно мора да биде совршена инспирација. А, што повеќе да се бара од уметничко дело, сем да биде токму тоа – инспирација и вдахновение за убавината на животот. Колку славењето на животот и неговите гревови овде звучи величенствено...
РАНГО (Rango)
Жанр: Анимација
Режија: Gore Verbinski
Улоги: Johnny Depp, Bill Nighty, Timothy Olyphant, Isla Fisher, Abigail Breslin, Alfred Molina
Сценарио: James Ward Byrkit
Траење: 107 мин.
РАНГО е приказна за патешествието на еден напуштен камелеон која не води од самотијата, па се до непрегледните пространства на пустината Мохаве. За камелеонот глумец кој отсекогаш сакал да игра херој, Ранго пронајде публика на која навистина и е потребен херој. Тој се преправа дека е човек од законот во жедниот град по име Прашина. Наскоро сфаќа дека постои разлика помеѓу глумата и реалниот живот и приморан е да се соочи со сопствениот проблем на идентитетот и да ја спознае вистинската смисла на пријателството. Мора да ја доврши својата потрага и да ја разоткрие заверата која стои зад недостигот на вода во целиот град. Тоа е неговата животна улога, но таа со себе носи многу опасности и уште повеќе ризици!
Место
- Место:
- Kino Ramstor - Вебсајт
- Улица:
- Мито Хаџивасилев Јасмин бб
- Поштенски Број:
- 1000
- Град:
- Скопје
Опис
(02) 3290 153
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите