Настан 

Изложба на Валентина Илијевска
Наслов:
Изложба на Валентина Илијевска
Кога:
07. February 20.00 h
Каде:
Mladinski Kulturen Centar - Скопје
Категорија:
Изложби

Опис

Вистинската доблест на еден уметник е во моќта на создавањето, во нега на душата, во продлабочување на мудроста и вистинитоста на убавото. Слободата при изразувањето е чин на независен процес и го потенцира индивидуалниот став во поимувањето на творечката активност..

 

Како плод од таквото спознание, Валентина Илијевска, дипломиран млад графичар, посветена на цртежот и сликарството, после повеќегодишна творечка активност на оваа изложба ни ја презентира сопствената комплексна..интимна визија низ призма на спиритуален ликовен јазик. Тоа се видливи, аргументирани, многубројни лирски записи и симболи сочинувајќи ликовни контексти на имагинарни слики.

 

Тие се светови, артистички промислени..и низ исчитување на нивната лексика не воведува во доменот на преиспитувања, запрашаност за примордијалните почетоци,..за смисолот на ''создавањето''..

 

Со тие средства ги интегрира; моќта на имагинацијата и митот за сонот, во еден елементарен визуелен модел..метафоричен и јасен. Графичките форми се арабескно структурирани со транспонирани сегменти на емотивни бранувања.. најчесто експресивни и со гестуален ракопис отелотворени. Вплотени во една целина ни објективизираат јасен семантички запис или порака.

 

Следејќи го сеопфатно творечкиот развој на колешката Валентина започнат уште од студентските денови, како нејзин професор и ментор го препознавав и поттикнував нејзиниот приодот кон цртачката изразност, способноста да идејното го сведува, сублимира во пластични знаци кои суеверено го одбележуваат композицијското и просторно средиште.

 

Со оваа изложба Валентина ја демонстрира опитноста да во раскошна палета ни го прикаже светот на графичката уметност. Тој свет е прегледен и рамнотежен, а во него се обединети интересите за осознавање на есенцијалното во уметноста. Со демонстрирање на авторски осмислена естетика суштински го продлабочи сознанието за вистината на убавото..со мистичната поврзаност на магичното пресоздавање.

Место

Место:
Mladinski Kulturen Centar   -   Вебсајт
Улица:
Кеј Димитар Влахов бб
Поштенски Број:
1000
Град:
Скопје

Опис

Нема подетални информации