Настан 

Валентин за Трифун
Наслов:
Валентин за Трифун
Кога:
11. February - 14. February 
Каде:
Plostad Makedonija - Скопје
Категорија:
Фестивали

Опис

Палетата на изведувачи за претстојниот фестивал „Валентин за Трифун“ се проширува, на листата покрај главниот ромски бенд од Србија, Кал Бенд, се приклучуваат и двајца романтичари од македонската сцена, станува збор за Мики Јовановски Џафер и Џина Папас Џокси, а ќе настапат и Сиги и Кацар (Токсикологија), Кинг Аце, Весела Дружина и Маријачи Бенд (Струмица).

 

Претходно веќе ги најавивме Пеперминт, Диџеј Славе, Чалгии и трибјут за Трајко Карев и Гоце Арнаудов. Фестивалот ќе се одржува четири вечери од 11 го 14 февруари на плоштадот „Македонија“ и Кеј 13 ноември.

 

Организаторите веќе најавија дека покрај добрата музика, ќе има исклучителна понуда на храна, пијалоци со ексклузивно ниски цени, а посетителите ќе бидат згрижени во затоплените монтажни куќички. Поддршка за одржување на овој фестивал даде Град Скопје, невладината Млади за Европа и Општина Кисела Вода.

 

Место

Место:
Plostad Makedonija
Поштенски Број:
1000
Град:
Скопје

Опис

Нема подетални информации