- Наслов:
- BizTech Скопје 2012
- Кога:
- 06. February - 07. February
- Каде:
- Aleksandar Palas - Скопје
- Категорија:
- Саеми
Опис
BizTech Скопје 2012 e меѓународен саем за бизнис технологии кој ќе се одржува за првпат во нашата држава на 6ти и 7ми февруари, и е единствениот бизнис настан за информатичка технологија во овој регион. Целта на BizTech е обединување на бизнис заедницата со индустријата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ сектор) и објаснување на новите бизнис апликации преку предавања на гости од најпрестижните светски ИТ компании.
Во рамките на саемот ќе се одржи конференција каде главен говорник ќе биде заменикот министер за Информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, а гостин говорник ќе биде Рамзес Гаљего, стратег за безбедност и едукатор во Quest Software Simplicity at Work. Тема на првата конференцијата е „cloud computing“, најсовременото бизнис решение, кое ќе биде претставено преку палета на меѓународни предавачи, а во рамките на настанот ќе се одржат и разни работилници и директни презентации од страна на ИТ компаниите.
„Првиот меѓународен саем за бизнис технологии е од огромно значење за овој регион, од повеќе причини, пред сѐ заради бизнис заедницата и нејзино директно и практично запознавање со практичните и финансиските предности на овој светски тренд. Предноста на информатичките технологии е тоа што се применливи секаде, затоа преку гостите предавачи ги носиме искуствата и знаењата на водечките меѓународни компании од ИТ секторот, како Microsoft, HP, меѓутоа ќе се појават и одредени локални компании кои ќе ги пренесат своите искуства од успешното справување со ова решение“, изјави Игор Чучков, директор за Југоисточна Европа во Леорон Груп.
На BizTech саемот свое учество ќе имаат најпрестижните водечки домашни и меѓународни компании од секторот за информатички технологии: Microsoft, HP, Verso, Interoute, Mellon Solutions, Seavus, Ipкo, Ekonet кои ќе ги претстават своите најнови производи и услуги директно наменети за бизнис корисниците. Саемот ќе трае два дена, 6ти и 7ми февруари (понеделник и вторник) во Александар Палас, а ќе заврши со извлекување и прогласување на најсреќниот посетител кој ќе добие VIEWSONIC TABLET. BizTech Скопје 2012 е организиран од Леорон груп, компанија специјализирана за организирање на бизнис настани од Дубаи, со регионална канцеларија во Скопје.