Настан 

Scream Music Festival 2
Наслов:
Scream Music Festival 2
Кога:
17. February - 18. February 
Каде:
Metropolis arena - Скопје
Категорија:
Фестивали

Опис

Метрополис Арена во Скопје ќе биде местото на случување на вториот по ред Scream Music Festival, кој организаторите Нова Х Идеа го најавуваат за 11-ти февруари. Најголемите балкански бендови веќе го потврдија учеството на фестивалот па затоа од утре влезниците за овој голем рок-спектакл ќе бидат пуштени во продажба.

 

Ареа, Сарс, Негатив, Електрични Оргазам, Санаториум и најголемото изненадување на фестивалот Ласт Експедишн се бендовите кои ќе ја тресат сцената на Метрополис Арена. - Чест ни е што култниот македонски бенд од 90-те- Ласт Експедишн, својот камбек во полн и оригинален состав ќе го имаат токму на Scream Music Festival.

 

Ова ќе биде одлична можност за помладата публика во живо да ги слушне антологиските Шефе, Ќељав дабар, Без мене, Тину-нину песна, Не е важно, Интервју со скитникот итн. и да го почувствуваат духот на деведесетите – изјавуваат организаторите Нова Х Идеа. Цената на билетите за вториот Scream Music Festival ќе се зголемува со прогресија, па така првите десет дена ќе изнесува 400 денари, од 15-ти до 29ти јануари 500 денари, а последните две недели пред фестивалот билетите ќе изнесуваат 600 денари.

 

За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, билетите изнесуваат 800 денари. Продажната мрежа на www.mktickets.mk, Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците за ова второ издание на Scream Music Festival.

 

 

Место

Место:
Metropolis arena
Улица:
Беласица 2
Поштенски Број:
1000
Град:
Скопје

Опис

телефон: (02) 3218 388