Музичко видео од Тиесто ексклузивно за Шкода Ситиго

  • Петок, 10 Февруари 2012 13:30

Интернационалната мега звезда Тиесто помага во лансирањето на новата Шкода Ситиго со ексклузивно музичко видео и ремикс кој ќе може бесплатно да се превземе. Видео записот на најновата песна на Тиесто “What Can We Do (A Deeper Love)” може ексклузивно да се види на Фејсбук страната на Шкода, а ремиксот на истата песна е достапен за бесплатно превземање на следниот ЛИНК.

 

Ова видео е продолжение на уникатната соработка помеѓу Тиесто и Шкода, која започна на World Dealer Conference во Прага, каде што Тиесто имаше извонредна изведба пред пет илјадитната публика, составена од трговските партнери на Шкода ширум светот. Партнерството помеѓу Шкода и Тиесто- познат како најдобриот ДЏ на сите времиња, има за цел да ја доближи Шкода до младата популација која е и таргет група за новиот модел Ситиго.

 

Со седмиот модел од серијата, Шкода брендот се претставува по прв пат во брзорастечкиот пазар на супер-мини автомобили. “Со Шкода Ситиго, влегуваме во нов сегмент на пазарот. Затоа, беше неопходно да пронајдеме иновативни начини на комуникација, а соработката со Тиесто е одлична за остварување на оваа цел.

 

Новиот Ситиго е атрактивен, компактен автомобил што ги исполнува највисоките стандарди во поглед на квалитетот и безбедноста. Автомобилот е модерен и токму затоа е совршен спој со новата Фејсбук генерација, на која ние сакаме директно да и се обратиме преку оваа соработка со Тиесто” изјави Jürgen Stackmann, член на управниот одбор на Шкода за продажба и маркетинг. Фејсбук страната на Шкода бележи брз раст, со рекордна посетеност од 100.000 посети дневно, од нејзиното лансирање пред само неколку недели.

 

Ситиго е еден од главните цели на Стратегијата за развој на Шкода 2018 и го отвора сегментот на супер-мини возила од овој бренд. Со должина од 3.56 метри, ширина од 1.64 метри, и висина од 1.48 метри, спаѓа во најкомпактните супер-мини возила на пазарот, овозможувајќи комфорт на четири патници и багаж. На почетокот на ноември, Шкода Ситиго беше премиерно претставена во Чешка.

 

Мини возилото го доби највисокиот ранг од 5 звездички на тестот на Euro NCAP Crash организиран од Европската Заедница за заштита на потрошувачите, поради неговата извонредна безбедносна опрема. Ситиго беше одлично примен и од страна на потрошувачите: само во првите четири недели од неговото пуштање во продажба, беа примени над 1000 порачки за возилото. Во 2012 година, Ситиго ќе биде достапен на сите останати европски пазари. Покрај верзијата со три врати, возилото е достапно и со пет врати.

Инфо