Специјална награда за Македонија на MIDEM 2012

  • Петок, 03 Февруари 2012 13:15

Од 28ми Јануари до 1ви Февруари во Кан франција се одржа традиционалниот 46-ти по ред најголем и најзначаен светски саем на музика MIDEM. На саемот зедоа учество околу 7000 гости од 360 водечки музички компании од 50тина држави од целиот свет.

 

Нашата земја се претстави како излагач со сопствен национален штанд под уставното име Македонија. Специјално за оваа пригода беше подготвен лукзусен промотивен материјал во печатена и електронска форма каде се претставени најзначајните компании и институции од македонската музичка индустрија.

 

Организаторот на оваа престижна музичка манифестација на носителот на нашиот штанд, издавачката куќа Трето Уво, за неговата повеќегодишна промоција на македонската музика, му додели специјално признание "Златен диск на MIDEM". За времетраење на саемот паралелно секојдневно се случуваа по некоку конференции посветени на интелектуалната сопственост, авторските права и новите стратегии во пласман и продукција на музиката на светско ниво на кои Македонија зема активно учество.

 

Претставувањето на Македонската музичка индустрија на MIDEM е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. (на фотографијата Иво Јанкоски и господинот Kristof Chiappa менаџер на MIDEM).

Инфо