По повод денот на виното и љубовта, заедно да го избереме најубавиот пар. Сите што сакаат да учествуваат во изборот се што треба да направат е да постават фотографија на фејсбук страницата на магазинот Extra Exclusive.
Штом фотографијата е пријавена истата ќе биде избришана од ѕидот. На 6-ти ќе биде објавен албум со сите пријавени фотографии и од тој момент започнува гласањето со кликање Like на фотографијата.
Изборот ќе трае до 14-ти, а парот што ќе има највеќе гласови ќе се дружи со тимот на Extra Exclusive и ќе добие подарок. Им благодариме на сите што досега се пријавија и воедно ги охрабруваме сите други да се пријават затоа што можеби токму тие се најубавиот вљубен пар.
