Чувства, излив на емоции и ритам кој што нема да ве остави рамнодушни. Се работи за новата песна на Дејан Донев, насловена како "My Story" (Мојата Приказна).
"My Story", e воедно и носечката песна на истоимениот англиски албум кој што својата промоција ќе ја доживее ова лето, албум во кој што секоја нумера ќе биде инспирирана од вистинска приказна што му се случила на младиот пејач.
Текстот на оваа прекрасна нумера е на Дејан, додека за аранжманската и продукциска обработка се погрижи веќе докажаниот, Даниел Јовески. Имено да напоменеме дека Дејан сеуште живее и работи во Њу Џерзи, каде што воедно ќе се снима и видео записот за оваа нумера.
Во меѓувреме ве покануваме да гo посетите неговиот нов веб сајт: www.dejandonev.com, каде што може да дознаете повеќе информации поврзани како со професионалниот, така и со приватниот живот на младиот пејач.
Песната можете да ја слушнете на следниот линк: http://www.youtube.com/watch?v=0pE-1cn2ahw
