Grouper го прослави својот прв роденден со спектакуларна забава!

  • Понеделник, 30 Јануари 2012 15:30

Првиот македонски веб сајт Grouper.mk го прослави својот прв роденден на 21 Јануари со голема журка во Every Day Lounge Bar, и не ја пропушти можноста уште еднаш пријатно да ги почести своите корисници со многу награди, одлична музика, вкусна храна и неверојатна атмосфера. На забавата присуствуваа над 400 гости, а 24 од нив си заминаа со вредни награди. Главната награда беше вистинско изненадување, 6.000 ден. во Grouper торбичката за зделки по избор на среќниот добитник.

По повод забавата и роденденот неколку дена пред настанот беше пуштена зделка за роденденската забава, односно во знакот на попустите корисниците можеа да си купат пијалок по избор по цена од 29 ден, а со купонот учествуваа во извлекувањето за наградите.

За 1 година работа Grouper значајно влијаеше на онлајн продажбата во Македонија, а повеќе за постигнатите бројки може да погледнете на инфографикот.

За тоа како си поминаа присутните, што се случуваше на забавата и каква беше атмосферата видеото подоле доволно ќе прикаже :)

Dim lights Embed Embed this video on your site

Инфо