The Girl with the Dragon Tattoo во Кино Милениум!

  • Понеделник, 30 Јануари 2012 12:40

ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА ЗМЕЈ (158 мин.)

 

Пред четириест години, Хариет Вангер исчезнува од традиционалното семејно дружење на островот што го поседува моќниот клан Вангер. Нејзиното тело никогаш не е пронајдено, а нејзиниот вујко е убеден дека нејзиниот убиец е член на неговото поврзано, но дисфункционално семејство. Тој го најмува новинарот Микел Бломквист и тетовираната, проблематична, но спретна компјутерска хакерка Лизбет Саландер за да го истражат целиот случај.

 

Кога ќе го поврзат исчезнувањето на Хариета и бројните гротескни убиства од пред четирисетина години, почнуваат да ја откриваат мрачната страна на семејството Вангер. Но Вангерови се моќен клан и Блмквист и Саландер ќе мораат на своја кожа да почувствуваат колку се подготвени да отидат далку за да се заштититат себе си и семејните тајни и интриги.

 

Режија: David Fincher

Улоги: Daniel Craig, Rooney Mara, Christopher Plummer

Проекции: 20:00 и 22:30 часот

 

Dim lights Embed Embed this video on your site

 

МАПЕТИТЕ (103 мин.)

 

Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу. Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи... Ќе успеат ли Мапетите?

 

Режија: James Bobin

Улоги: Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs

Проекции: понеделник-петок 13:00; 15:00 и17:30 часот

Сабота-недела: 11:00; 13:00; 15:00 и 17:30 часот

 

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари. Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ.

Инфо