Младата Наталија Славева која ја паметиме по настапот на Скопски Фестивал (Евросонг 2011) со песната "Не ми требаш", малку подоцна и со "Чувај ме", во соработка со Дарки и на овогодинешниот Макфест каде што дефинитивно ја имаше најзаразната песна "Тоа сум јас", деновиве е актуелна со нов сингл.
Станува збор за песна со наслов "Стопи ме"! Музиката и аранжманот се на Алексиќ Зоран, текстот го направија композиторот, заедно со Даниел Ванков, а гитарите ги отсвири Ристе Шандаров.
Sky Eye Entertainment www.skyeyeent.com, покрај песната не почасти и со интересно видео за тоа како се одвиваше снимањето на песната. За синглот се најавува видео запис кој би требало да се појави за најдоцна еден месец.
Dim lights Embed Embed this video on your site
