Премиерата на македонскиот филм Жената која ги избриша своите солзи на Теона Стругар Митевска на Берлинскиот филмски фестивал ќе биде на 11 фебруари во 20.00 часот во Кино Интернационал.
Киното Интернационал голем број на Берлинчани го сметаат за едно од најубавите кино сали во Берлин.
(http://www.berlinale.de/en/programm/spielst_tten/kinos/index.html)
Во ова кино се прикажуваат голем број од прeмиерите од Панорама Специјал. Дента на 11 февруари Берлинскиот филмски фестивал организира и прес конференција за екипата на филмот Жената која ги избриша своите солзи.
Жената која ги избриша своите солзи по премиерната проекција на 11 Фебруари ќе има уште 4 официјални проекции организирани од фестивалот, и тоа на следните датуми:
FEB 11th > International > 20:00
FEB 12th > CinemaxX 7 > 13:30
FEB 13th > Cubix 9 > 14:30
FEB 15th > International > 14:00
FEB 16th > CineStar 3 > 17:45
Филмот една екстра проекција ќе има на маркетот, со цел да им се овозможи на дистибутерите, кино прикажувачите и селекторите на други фестивали да имаат можност да го видат надвор од редовните проекции. Ќе биде организирана и уште една дополнителна проекција за време на фестивалот која ќе биде за новинарите.
Склопениот договор за застапување на филмот со реномиран продажен агент веќе започна да ја предизвикува професионалната јавност. Водечкиот информатор на светската филмска индустрија Screen International во своето издание од 20 јануари, пишува за почетокот на соработката со Француската компанија за продажба Урбан Дистибуција.
Урбан Дистибуција e една од водечките агенти за продажба на филмови и се фокусираат на врвни авторски филмови. Тие секоја година зeмаат лимитиран број од најмногу седум филмски наслови на кои максимално се посветуваат. Урбан Дистрибуциата во изминатите неколку години во својот каталог ги преставуваше филмови како Канскиот aргентински победник на Camera D’or 2011, Las Acacia, или филмот со Изабел Упер , My little princesses на Eva Ionesco, Канскиот победник Octubre во секцијата Извесен поглед на Daniel and Diego Vega , како и еден од последните филмови на култниот режисер Raoul Ruiz. (http://www.urbandistrib.com/company)
Изработката на промотивниот метаријал ја водеше Ричард Ломбард кој e постојан соработник на авторите како Сокуров, Аки Кауризмаки, Бруно Демонт, Ари Форман, Ханеке додека интернационалниот прес ке биде покриен од страна на Белгиската агенција PR Factory, една од водечките прес агенции со огромно искуство за авторски филмови.

