„Ти ми требаш“ е најновата песна на тандемот Александар Масевски – Даниел Данн, која од денес и официјално ќе можете да ја слушнете на радио станиците во земјава.
„Одамна чекав да ми се случи ваква песна“, вели Данн за поп/R&B баладата која е спој на old school и модерен звук. Песната е збогатена со звуците на саксофонот на Горан Папаз од Суперхикс.
„Данн и Масе создаваат одлична енергија заедно и во иднина не би пропуштил ниту една соработка со нив“, додава Папаз. Во текот на следната недела ќе започне и снимањето на видео записот за песната.
