Доколку веќе сте слушнале дека еден од најголемите европски зимски музички фестивали “The Big Snow festival” во март оваа година доаѓа во соседна Србија, вистински момент е да го обезбедите вашето место. Имено, во тек е големата акција која ви овозможува да резервирате сместување во конаците на Копаоник, како и JAT апартманите, со седумдневна фестивалска влезница за само 99 евра!
Притоа, на сите љубители на зимските спортови, организаторите ќе им овозможат шестдневен ски pass за времетраењето на фестивалот со 60% попуст, односно за само 39 евра. “The Big Snow festival” пред две години го покрена најголемата светска туристичка агенција Thomas Cook, а во 2012. година во организацијата се приклучува и тимот од фестивалот Exit.
“The Big Snow festival” оваа година на едно место ќе собере преку 100 врвни светски и регионални изведувачи на урбана музика, распоредени на 10 бини. Настанот ќе се случи од 23. до 30. март на Копаоник, во Република Србија. Овој несекојдневен ски-музучки хепенинг ќе го одбележат водечките светски изведувачи како што се Basement Jaxx, DJ Fresh, Ms DYNAMITE, Freestylers, Modestep, Judge Jules, Eddy Tample Morris, Micky Slim и многу други.
Од регионалните изведувачи, помеѓу останатите тука се Darkwood Dub, Rambo Amadeus, Disciplin A Kitchme, Deca Loših Muzičara, Eyesburn и Vrooom. Покрај ноќната забава ќе бидат организирани и дневни, таканаречени Apre-ski журки, како и активен спортски програм во кој ќе учествуваат гостите на фестивалот, како и врвните светски ски и snowboard натпреварувачи. Новиот систем за вештачки снег, доколку е потребно, ќе покрие над 70% од ски-центарот и со тоа на посетителите ќе им ги овозможи зимските радости без оглед на временските прилики. Во Македонија, пакет влезниците може да ги набавите во туристичката агенција Ториа, телефон (02) 3224 659.
