„Можеш ли“ нов сингл на Тамара

  • Четврток, 19 Јануари 2012 12:20

„Можеш ли ти да знаеш колку пати јас се борев само за нас, можеш ли ти некогаш да сфатиш колку пати пробав да те задржам“ – овие стихови ги напиша Тони Зен за еден од најдобрите женски вокали во Македонија-Тамара Тодевска, која потоа ги испеа како рефрен во нејзината најнова песна.

 

Музиката за темата која е насловена „Можеш ли“ ја направи Бертан Аслани, авторот и на претходниот нејзин хит „Нејќеш да сум сама“ зад чии стихови исто така се потпиша Тони. „Одлично е да се соработува со професионалци како што се Бертан и Тони.

 

Едноставно влегуваме во студиото на БМА Продукција и веднаш се произведува хит. „Можеш ли“ е прва песна во која и јас учествував во создавањето на музиката. Песната го има оној филм и бунтовен ритам како „Нејкеш да сум сама“, па се надевам дека ќе ја има истата слушаност и ќе и се допадне на мојата публика на која и ветив нов звук, нова јас “ – изјавува Тамара.

 

„Можеш ли“ е втора тема од Тамара која е пуштена во радио-етерот по потпишаниот двегодишен договор со Симплисити Продукција. Нејзиниот нов албум кој ќе излезе во март оваа година ќе содржи десетина песни со модерен и квалитетен звук поинаков од оној што досега сме го слушале од неа.

Инфо