АГЕНДА НА ДНК ЗА 2012-ТА
Панчо и NISSAN
Неколкуте синглови кои беа снимени, а кои беа проследени и со видео спотови, деловните соработки со ценети и угледни компании како што се Puma, Jack& Jones, Watch ID, Pepsi, Tinex, започнувањето на студиите на Европскиот Универзитет... се само дел од нештата, по што Панчо и Андреј од ДНК ќе ја паметат 2011-та година.
Нивното десетгодишно постоење како Р&Б дуо, тие го крунисаа со големиот солистички концерт одржан пред седумилјадната публика во Метрополис Арена, за кој многумина велат дека беше незаборавен настан. И оваа 2012-та година Панчо и Андреј продолжуваат со исто темпо, а нивната агенда не би била целосна, доколку ги нема соработките со големите компании.
Уште на самиот старт на годината, Панчо потпиша ексклузивен договор со Аутомотив Груп и стана сопственик, а воедно и заштитно лице на едно урбано возило од брендот Nissan - кросоверот JUKE.
- Огромна чест и задоволство ми е што сум првото заштитно лице на брендот Nissan за Македонија. Мојот нов Juke е возило кое навистина ме маѓепса на прв поглед . Неговиот футуристички дизајн е сосема поразличен од сето она што сме навикнати да го гледаме низ градските улици и тоа беше само дел од нештата со кои несекојдневниот убавец ги исполни моите барања – изјави Панчо потпишувајќи го договорот со Аутомотив Груп и Nissan.
Новото возило на Панчо, белиот Juke веќе е брендиран и го носи неговиот потпис. Агенда веќе е исполнета, со почетокот на февруари ќе ја слушнеме преработката за “Благодарам Однапред”, една од најдобрите песни на ДНК на која им гостуваат браќата Тавитјан, а за која ќе видиме и нов видео спот со инсерти од незаборавниот концерт во Метрополис Арена.
Во најавата за оваа година, како дел од активностите на ДНК, се уште три други сингла кои ќе бидат проследени со видео запис, од кои едниот ќе биде дует со еден од најпопуларните македонски поп-рок артисти. И повторно, работната година тие ќе ја крунисаат со несекојдневен Р&Б анплагд концерт со камерен оркестар кој ќе го диригира еминентно име, а истиот е закажан за 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје.
