Годишна конференција на IAESTE

  • Петок, 13 Јануари 2012 12:15

ИАЕСТЕ е меѓународна асоцијација на студенти од целиот свет која врши нивна размена заради стекнување техничко искуство. Основана е во 1948 година по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Претставува неполитичка, независна и невладина организација која е во постојан контакт со агенции на ОН: UNESCO, UNIDO, FAO, ILO. Постои во 87 земји во светот, а Македонија 20 години е нејзин полноправен член.

 

ИАЕСТЕ е збир од национални комитети кои се задолжени за претставување на интересите на студентите. Секој од овие национални комитети е одговорен за размената во својата земја. Годишната Конференција е настан кој ги поврзува сите ИАЕСТЕ комитети ширум светот, кои заедно носат значајни одлуки за иднината на меѓународното делување и овозможува дипломатско подобрување на политичките и културните односи помеѓу сите земји членки.

 

Целта на Генералната конференција е размена на пракси од компании и универзитети за студенти од целиот свет за тековната 2012 година, споделување на искуство и знаење за работата на сите ИАЕСТЕ клубови и промоција на Македонија на интернационално ниво. На Годишната конференција се разменуваат 5000 пракси.

 

Покрај официјалната програма, планирани се и тематски вечери и факултативни активности: Традиционална македонска вечер, Интернационална вечер, Гала вечер, разгледување на поважните градови и места во Македонија од културолошки, историски и туристички аспект. Годишната конференцијата ќе придонесе за зацврстување на врските и соработката на ИАЕСТЕ со студентите, универзитетите, фондациите, компаниите, институциите, образовниот, владиниот и невладиниот сектор. Исто така, ќе го промовира македонскиот идентитет и култура на сите делегати и фактот дека како земја сме отворени за инвестиции и секаков вид на соработка.

 

Годишната конференција ќе се одржи од 20-27 Јануари во Скопје во хотел Континентал. На овој најброен студенстки настан кој некогаш се одржал на Балканот ќе учествуваат 300 делегати од 90 земји од светот. http://www.iaeste.org.mk/

Инфо