Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“!

  • Четврток, 12 Јануари 2012 14:15

МАПЕТИТЕ (103 мин.)

 

Мапетите пристигнаа во кино „Милениум“. Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите – кои сега се пензионирани – за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.

 

Главниот негативец е Текс Ричмен кој што сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи... Ќе успеат ли Мапетите?

 

Режија: James Bobin

Улоги: Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs

 

Проекции: понеделник/петок 13:00; 15:00 и17:30 часот

сабота/недела: 15:00 и 17:30 часот

 

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари.

 

Dim lights Embed Embed this video on your site

Инфо