Богата ПингВи викенд програма, интересните спортско-рекреативни игри, како и анимациите на мраз се изненадувањето кое Виталиа заедно со скопското лизгалиште ЦД Клуб Маки (под Кале) го приредува овој викенд, 14-ти и 15-ти јануари, од 12:00 до 16:30 часот.
На мразот ќе биде тимот од аниматори кои заедно со ПингВи, заштитниот лик на новата линија на детски производи на Виталиа, ќе ги пречекуваат и забавуваат децата преку игри и едукативни катчиња.
Активности ќе има и надвор од мразот, во „Светот на Пингви“ каде децата ќе може да се сликаат со своето омилено пингвинче и да вкусат од новите детски житни плочки.

Настанот има и едукативен карактер, каде родителите заедно со децата ќе дознаат нешто повеќе за здравата исхрана, но и да станат добитници на ПингВи пакетчиња. „Ја поздравуваме идејата за промоција на здравата храна и спортот меѓу најмладите и чест ни е што сме и ние дел од овој настан.
Се надеваме дека сите љубители на лизгањето, а особено децата ќе уживаат во лудориите на мраз и слатките здрави задоволства што ќе им ги подари Виталиа вели Г-ѓа Славица Начевска, директор на Скопското Лизгалиште ЦД Клуб Маки.
Повелете овој викенд заедно со вашите најмили на лизгалиште каде ве очекува вистинско изненадување. Забавата ќе започне во 12.00 и ќе биде збогатена и со наградна игра на која ќе бидат доделени подароци со производи од Виталиа и новиот бренд ПингВи.
“Чувството да се подготвува настан наменет за едукација и забава за најмладите е прекрасно, а широката детска насмевка е најдобриот мотив и инспирација Затоа, не двоумете се. Овој викенд бидете и вие дел од светот на Пингви, светот на здравите слатки задоволства.“ - порачуваат од Виталиа.

