ПМ се претставија со својот втор сингл "Разбуди ме"

  • Среда, 11 Јануари 2012 10:15

Момците од четиричлениот рок состав ПМ кои оставија голем впечаток со нивниот настап на минатогодишниот Макфест се новите ексклузивци на Мак Мјузик Продукција. Младите дечки кои со својот оригинален рок звук се издвоија од останатите бендови деновиве го издадоа и вториот сингл „Разбуди ме“, зад кој како и зад претходниот како комплетен автор се потпишува нивниот фронтмен Борис Цветановски.

 

- Среќни сме што со нашата нова песна започнуваме соработка со Мак Мјузик Продукција како нејзини ексклузивци. Работиме полека и со многу љубов затоа што сакаме нашите песни да звучат квалитетно. Затоа и сите инструменти во двете песни кои се работени во студио Јованови се свирени во живо – велат ПМ.

 

На неколку локации низ Скопје од кои едната е кај авионот во општина Аеродром ПМ веќе снимија видео запис за „Разбуди ме“ кој го работеше Егзит Б Продукција, а кој ќе биде промовиран наскоро. Во текот на овој месец во радио етерот ќе биде пуштена и нивната нова песна. ПМ веќе со години се познати на македонската клубска рок сцена, а од неодамна настапуваат и како бенд на Влатко Илиевски.

Инфо