windows seven at 90$

Градиме пријателство преку музиката

Е-пошта Печати PDF
Share
Детскиот парламент на Македонија – Велес и Фондацијата Марита Македонија, преку остварена соработка од членови на Фондацијата Нетворк мисија Норвешка и подружница во Македонија продолжуваат со активностите за промоција на здрав и позитивен имиџ кај младите како начин за корисно пополнување на слободното време на младите и останување далеку од пороците.

За таа цел ни претставува големо задоволство да ве поканиме на несекојдневен музички настан ГРАДИМЕ ПРИЈАТЕЛСТВО ПРЕКУ МУЗИКАТА во Велес на 24-ти јуни од 18:30 часот во Ликовниот салон и во Скопје во хорската сала на Музичко балетскиот училишен центар Илија Николовски Луј од 19:00 часот.

На овие музички настани своја програма ќе изведе Плех оркестарот и парадниот марш на Недре Бекелагет од Норвешка кој постои од 1975 и е дел од Норвешката федерација на оркестри (НФО) и е најголемата доброволна музичка организација во Норвешка, со над 66.000 членови на секоја возраст.

Во програмата во Велес свое претставување и поздрав до гостите ќе има Веселинка Маџарова, професор по музика и соло пеење, заедно со Вариса Хајдарпашиќ и пијано придружба од Александар Манев.

Во програмата во Скопје поздравен и заеднички настап ќе има оркестарот од дувачки инструменти при МБУЦ Илија Н. Луј заедно со гостите од Недре Бекелагет. Норвешката Федерација на оркестри опфаќа параден марш, плех и дувачки оркестар и има ученици во училишни, младински и аматерски оркестри.

На овие концерти ќе биде претставена програма која опфаќа различен израз, како на пример, рок, модерна, класична, етно и филмска музика. Дувачкиот оркестар во модерен облик е започнат во текот на 1850 во Преусен кога воените оркестри беа збогатени со туби и саксофони.

Парадниот марш во обликот кој ни е познат денес потекнува од С.А.Д. од XVII век, а во Норвешка се применува од средината на XX век. На националниот ден на Норвешка, 17 мај почнувајќи од 1959 година, народот може да види параден марш пред оркестарот кој има свое претставување пред Кралот на Норвешка.

Името на диригентот и предводник на идеата за реализација на овој вид музички настани во Македонија е Сисел Грондал. Таа е професорка по француска хорна на Музичкото училиште во Осло.

Долги години работи како диригент и компонира, аранжира и пишува книги по методологија. Преку Фондацијата Нетворк мисија таа ја има посетувано Македонија повеќе од 17 пати и остварува бројни музички контакти и работи со цел да ги поврзе младите музичари во Норвешка и Македонија на едно подрачје на музика и уметност.

Целта на овој вид активности ни е и да ја претставиме Македонија со нејзината природа, култура и народ и да се основаат врски меѓу двете земји. Преку ова се надеваме да отвориме врата за понатамошна културна размена.

Додади коментар